Интервју со можеби најдобриот The Sims Гејмер во градот Велес


Има 34 години и е нај страсниот и можеби најдобриот играч на The Sims во градот Велес. Прочитајте го интервјуто испод со Пане Стојанов и Вирално.мк

Вирално.мк

Што те привлече да ја играш играта The Sims?

Пане Стојанов

The Sims 2 играта ме привлече да ја играм тоа што дава асоцијација на реалниот живот, како би требало да се живее реално, во секој аспект од реалниот живот

Вирално.мк

Играта е итересна и забавна за кои ќе ја заиграат, кои додатоци ти се омилени за Sims 2 играта?

Пане Стојанов

Еден од додатоците што ми се допадна во играта е uneversity life на пример: ако почнуваш да играш како самец, можеш прво да започнеш како студент или да заврши предходно факултет во некој од универзитетите што се додадени во играта, а потоа го започнуваш својот реалистичен живот во градот што ќе го одбереш во самта игра.

Вирално.мк

Кога ја започнуваш играта од почеток кои карактеристики ги одбираш за твојот лик и кои ти се омилени?

Пане Стојанов

Во Sims 2 играта како карактеристики си ги одбирам: фитнес активноста, атлетичката активност и кретивноста, според тие карактеристики симсот ќе ги има своите лични активности, така што самиот симс ќе сака да ги практикува.

Вирално.мк

Дали оваа игра може да помогне на оние кои се срамат во реалноста да пријдат до саканата девојка која им се свиѓа?

Пане Стојанов

Преку оваа игра, како што ја претпрочитав, дека тоа им е целта на оние што ја креирале, самата игра, вогалвно тоа и го претставува, заедништво во општеството, социјализирање и култира. А секако и во љубовта, мораш прво со некоја личност за во љубовна врска најпрво мора да постанете најдобри пријатели а потоа да можетжете да се обидете за во сериозна љубовна веска со таа личност што како на пример; во играта, ако ти се допадне морате да станете најдобри пријатели. А реално за оние кои се срамат за да им пријдата на таа личност, според играта може да се каже дека таа особа што ти се допаѓа ако сте најдобри пријатели нема да се срамите еден од друг затоа што многу добро се познавате.

Вирално.мк

Ти ја играш ова игра долго време и часеви дали се сметаш за про гејмер на ова игра?

Пане Стојанов

Имам стекнато искуство во играта, но за мене се сметам меѓу најдобрите, ако не во светот но за во мојот град во Велес незнам кој можеби ја играат, можам да ги научам оние кој за првпат ќе ја започнат за некој детали ако нешто не им е јасно што се случува во играта или како да започнат да ја играат.

Вирално.мк

Што ќе порачаш за крај на сите идни The Sims играчи на ова Интервју.

Пане Стојанов

Најпрво им порачувам на сите гејмери што не ја испробале оваа игра The Sims да започнат да ја играат, бидејќи самата игра им нуди многу забава и она што би сакале да го постигнат и во реалноста, играта може да ги иnспирира за своите реални желби што сакаат да им се исполнат во животот. Тhe Sims игратa е креирана од фирмата EA Games вејќе тиe го достигнаа и четвртиот дел од играта; така само им порачувам многу забава на сите играчи , релаксација, љубов за општеството каде што живеат, и соживот за добар живот преку оваа игра.

Previous Прстен – бурмата на десната рака ја издаде: Марија Шерифовиќ тајно се верила? (ФОТО)
Next СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 6 И 7 НОЕМВРИ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *