Дали знаевте дека супермаркетите немаат прозори? Еве и зошто!


Многу луѓе веројатно никогаш не се запрашале зошто поголемиот дел од супермаркетите се без прозори, односно стаклени ѕидови, ниту пак обрнуваат внимание на музиката која е пуштена во нив. Исто така, поголемиот дел од нив не забележал каков е подот во нив, а сето тоа има причина зошто е така.

Зошто нема прозори во супермаркетите?

Имено, прозорци како ни часовници нема во супермаркетите за купувачите да изгубат осет за време и што подолго да се задржат внатре. Така повеќето купувачи во продавницата поминуваат подолго време од планираното и купуваат повеќе работи од планираното.

Погледот низ прозор, купувачот го враќа на помислата за времето и размислува колку долго е веќе во продавницата, а тоа не им одговара на трговците.

Постојат и практични причини зошто нема прозори или стаклени ѕидови: Сончевата светлина може да ги избледи амбалажите. Тогаш произведите не изгледаат толку привлечно и нема да се продаваат.

Положба на производите

Поскапите производи секогаш се наместени пред очите на купувачите. Производите на попуст се наоѓаат на дното на полицата, а брендираните и скапи артикли се исто така пред очи.

Зошто во супермаркетите има поплочени подови?

Многу супермаркети имаат поплочени подови. Зошто? Бидејќи количките за купување создаваат голема бука.

Музика

Кога се продавниците полни и има премногу луѓе, тогаш најчесто се пушта енергична музика со брз ритам. Тоа треба да ги поттикне луѓето да пазарат побргу и полесно да се испразни маркетот.

Според некои истражувања купувачите повеќе трошат кога има пуштено поспора музика, бидејќи тоа го успорува нивното движење и повеќе време поминуваат во маркетот.

Извор: srekja.mk

Previous Слушнете ја новата песна на Адел: За 8 часа има речиси 16 милиони прегледи! (ВИДЕО)
Next СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 16 И 17 ОКТОМВРИ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *