СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 9 и 10 ОКТОМВРИ 2021 ГОДИНА


Овенот да поведе сметка за здравјето, Близнаците имаат парични проблеми, Девицата има прекрасен викенд.

ОВЕН

Можно е да имате важни одлуки пред себе во наредниот период. Ве очекува поволна фаза на работно поле. Дистанцата помеѓу вас и саканата личност не ви се допаѓа. Водете сметка за грбот и коските.

БИК

Доколку планирате патување, очекувајте период во кој ќе имате добри можности за остварување на работата. Ви се допаѓа личност која честопати ја среќавате во секојдневното опкружување. Водете сметка за циркулацијата.

БЛИЗНАЦИ

Ве загрижуваат трошоците и финансиите. Можно е да не сте сигурни како ќе ги решите проблемите на ова поле. Губите доверба во партнерот со кој сте имале веќе многу проблеми и драми. Можни се воспаленија и инфекции.

РАК

Имате впечаток дека на деловно поле ништо не оди онака како што сте очекувале и незадоволни сте поради тоа. Во бракот влеговте во фаза на монотонија од која не ви е лесно да излезете. Имате проблеми со партнерот. Внимавајте на своите бубрези.

ЛАВ

Ве очекува период во кој ќе имате некои потешкотии за остварување складен однос со саканата личност. Може да очекувате интересна средба со личност со која флертувате подолго време. Проблеми со притисокот.

ДЕВИЦА

Пред вас е генерално добар викенд, може да очекувате дека ќе бидете задоволни со околностите на ова поле. Ве очекува можност да влезете во нова врска во која ќе бидете многу среќни и задоволни. Проблеми со стапалата и зглобовите.

ВАГА

Ќе успеете да ги остварите своите планови на деловно поле. Ќе бидете задоволни бидејќи сѐ ви оди од рака. Можеби не сте сигурни во кој правец сакате да оди вашата врска со личноста која ви се допаѓа. Потребна ви е прошетка.

ШКОРПИЈА

Во текот на викендот ве очекуваат помали компликации на деловно поле. Не сте подготвени да се соочите со сите проблеми. Ве очекува многу добар ден на емотивно поле. Ќе уживате во убавите моменти. Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Доаѓате до значајно подобрување во комуникацијата и односот со личноста која ви се допаѓа. Доколку сте имале проблеми во контактот со партнерот, ќе успеете да ги решите во текот на денешниот ден. Можна е омалаксаност.

ЈАРЕЦ

Немате доволно доверба во соработниците. Пред вас е период во кој ќе имате компликации на деловно поле. Посветени сте му на партнерот и убаво ви е кога сте заедно. Ве очекува поволен период. Водете сметка за циркулацијата.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате судбината да ви биде наклонета и да добиете во последен момент помош околу некои важни деловни прашања. Ви се допаѓа личност која сте ја запознале преку пријател. Здравјето ви е добро.

РИБИ

Остваривте стабилност на деловно поле и среќни сте поради тоа. Не ве очекуваат промени на ова поле. Посветете се на дружење, излегување и ќе имате нови љубовни понуди. Водете сметка за срцето. Можни се проблеми.

Извор: srekja.mk

Previous Дали сте подготвени за поинаков вкус? Направете џем од тиква и кокос! (РЕЦЕПТ)
Next Идеални за сериозни врски: Луѓето родени во овие хороскопски знаци се најдобри партнери!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *