Вечер небото ќе ја осветли млада месечина: За да ви се остварат сите желби, направете го ова!


6-ти октомври е ноќ на младата Месечина и вистинско време е да започнете ново поглавје. Имено, во оваа фаза Месечината делува потсвесно за било какви движења. Идеално време за почеток на нова работа, оставање на лошите работи позади себе и носење нови одлуки.

Младата Месечина дава зголемена интуиција, што може да биде многу корисно кога треба да се донесе некоја одлука. Дента кога Месечината влегува во млада фаза, статичната енергија преминува во активна и доаѓа до зголемување на чувствителноста.

Според древните верувања, доколку го направите ова вечерва на полноќ, сите желби ќе ви се остварат.

Еве што треба да направите:

Точно на полноќ, замислете желба и мислете на неа, многу длабоко и така да ја обликувате во кратка реченица.

Убаво и удобно сместете се во кревет и започнете ја својата Медитација на соништата. Визуелизирајте ги вашите желби. Замислете дека сте го добиле она што толку многу го посакувате, замислете како би се чувствувале тогаш. Фокусирајте се на таа желба и опуштете се потполно. Ако заспиете во текот на медитацијата, тоа е сосема во ред! Само внимавајте својот дневник и пенкало да ги оставите покрај креветот, бидејќи ќе ги искористите наутро.

Штом се разбудите, земете го дневникот и почнете да ги запишувате првите работи кои ќе ви паднат на памет. Можете да ги запишете сите соништа кои сте ги имале. како се чувствувате или било кои други мисли кои ќе ви се појават. За најдобри резултати, обидете се да напишете 3-4 страници напред и назад без подигнување на пенкалото од листот. Само продолжете со пишување, дури и ако нема смисла и мора да пишувате бесмислени работи. Дозволете проток на свеста.

Откако ќе завршите со пишување, размислете за сите пораки кои ви се појавиле и земете го кристалот кој инаку го користите.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7. ОКТОМВРИ 2021 ГОДИНА
Next Здрава навика која ја практикуваме која всушност не дебелее

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *