Денови на македонскиот мед: Посетете ја улица „Македонија“ и купете си мед


На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед.

Манифестацијата се одржува 17. година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица“.

Посетителите ќе имаат можност да дегустираат, но и да купат различни видови мед и други пчелни производи од наши, македонски пчелари, а ќе добијат, ако сакаат, и совети како да се препознае квалитетен, вистински мед.

Манифестацијата е финансиски поддржана од МЗШВ, а ќе ја отвори министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Извор: srekja.mk

Previous Ако мажена жена изгледа добро…
Next Што се случува во телото ако не спиете помеѓу 1 и 3 на полноќ?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *