Места во домот каде никогаш не треба да ставате свежо цвеќе ако не сакате пребрзо да овене


Цветовите во домот се мелем за очи, па дури и ако е подарок од некој драг, сакаме да трае што е можно подолго.

И додека цвеќињата во саксии траат долго, дури и години, цвеќињата во вазна имаат многу пократок рок на траење. Се чини дека прекрасната декорација што го украси вашиот дом исчезнува речиси во еден момент. За да уживате во прекрасен букет цвеќиња што е можно подолго, треба да обрнете внимание на неколку работи.

За цвеќињата што ги ставате во вазна по купувањето или откако ќе ги добиете, скратете ги стеблата за околу еден сантиметар и косо – така цветот ќе има шанса да добие повеќе вода. Никогаш не го сечете стеблото со ножици, туку со нож. Наполнете ја вазната со вода до една третина, нека биде на собна температура и менувајте ја водата секој втор ден. Ставете малку шеќер во водата (го храни растението), парче здробен аспирин (го одржува свежо растението со регулирање на pH вредноста на водата и одржување на добро ниво) и малку сок од лимон (го продолжува животот на цвеќиња).

1. Држете го подалеку од овошје
– Некои видови растенија ослободуваат повеќе етилен од другите. На пример, јаболката, бананите и крушите, како и многу други плодови, ослободуваат високо ниво на етилен, растителен хормон кој е важен за зреење на овошјето. Еднаш во воздухот, етиленот може да патува далеку, растурајќи и губејќи дел од својата сила, објасни Карен Чанг, професор на Универзитетот во Мериленд.

– Исечените цвеќиња се распаѓаат побрзо ако е до отворен сад со овошје, затоа држете го подалеку, ако сакате да трае подолго – додаде таа.

2. Не ставајте го во близина на гас
– Природниот гас и нафтата се исто така главни извори на етилен, што е природен нуспроизвод на согорување, што значи дека тие можат да бидат штетни за цвеќињата. Спроведена е студија на прометната улица Белтвеј во Вашингтон, која откри дека високото ниво на етилен од издувните гасови на автомобилот предизвикало застој во растот на блиските растенија – вели Чанг.

– Кога етиленот беше хемиски отстранет од околината на Белтвеј, растенијата почнаа да изгледаат многу подобро. И во 1800-тите, кога уличните светилки гореа на гас, лисјата околу дрвјата околу нив почнаа зголемено да ги губат своите лијса.

Затоа, без разлика дали цвеќињата се исечени или не, држете го подалеку од извори на гас, без разлика дали станува збор за издувни гасови од автомобил, скара, камин со гас, шпорет итн. – додаде таа.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 18 И 19 СЕПТЕМВРИ 2021 ГОДИНА
Next Храбра тинејџерка спаси верверички насреде евакуацијата поради ураганот Ида

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *