Почна сезоната за правење ајвар: Следете го овој рецепт и ќе имате највкусна зимница


Почна сезоната за правење на ајвар.  Ако го следите овој рецепт, ќе ја направите највкусната зимница.

СОСТОЈКИ:

10 кг црвени пиперки
3 модри патлиџани
500 мл зејтин
сол
1 лажица шеќер

ПОДГОТОВКА:

Испечете ги пиперките. Кога ќе бидат печени, оставете ги 15 минути во ќеса за полесно да се лупат.

Откога ќе ги излупите и ќе ги исчистите од семките, ставете ги во мрежаста цедалка да се цедат 1-2 часа.

Во меѓувреме испечете ги, излупете ги и исцедете ги модрите патлиџани.

Потоа и пиперките и модрите патлиџани ставете ги во тенџере и варете ги на не многу силен оган.

Откога ќе почне да врие, постојано мешајте го ајварот за да не ви загори.

Кога течноста од пиперките ќе испари, почнете да додавате зејтин.

Никако не го ставајте целиот зејтин одеднаш, туку постепено.

Кога зејтинот ќе почне да избива на површина, значи дека веќе не треба да ставате зејтин.

Тоа значи и дека ајварот ви е при крај.

Додадете сол, промешајте, оставете уште 10-15 минути да се повари со постојано мешање и тргнете го од оган.

Ставајте го ајварот во загреани тегли и убаво затворете ги.

Оставете ги теглите да се оладат, па следниот ден складирајте ги на ладно и темно место.

Извор: Курир.мк

Previous Пасивна агресија: Можеби се соочувате со неа и како да ја препознаете
Next СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 11 И 12 СЕПМТЕВРИ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *