Совети од психолог кои ќе ви помогнат да сфатите колку сте среќни


Counseling session, Adult Female Talking to Counselor on psychiatrist couch

Една госпоѓа посетила психолог и веднаш почнала да му набројува што сѐ нема во животот: нема прави пријатели, нема добра плата, нема пристоен автомобил, нема стан, ни младост веќе нема… И никаква надеж нема дека било што од ова еден ден ќе има…

Пријатниот психолог добродушно и рекол: очигледно, многу работи немате, а можете и да го продолжите списокот: немате тешка и неизлечлива болест, немате милионски долгови, немате одговорност за болен роднина или немоќен старец. Немате инвалидитет. Да, навистина немате многу работи.

Само запишете што сѐ немате и расположението веднаш ќе ви се поправи, а згора на тоа и ќе добиете надеж дека сѐ тоа што го немате, никогаш нема ни да го имате.

Госпоѓата се замислила и потоа се насмеала.

Навистина, многу работи немам. И не треба да ги имам. А сѐ останато може да се заработи, поправи, добие како подарок или да се стекне со време. Ништо страшно. Важно е да се биде жив и здрав. И саканите да се живи и здрави. И да не ни се случи ништо лошо.

Почнете од тука кога набројувате што сѐ немате.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9 СЕПТЕМВРИ 2021 ГОДИНА
Next Не ги игнорирајте важните моменти. Сѐ е во нив…

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *