Жена спасила мал ракун, а тој продолжува да се враќа кај неа веќе 3 години! (ВИДЕО)


„Мали Рачиња“ е ракунот кој бил пронајден на сред пат и згрижен од страна на жена која работи во центар за рехабилитација на диви животни. Тој тогаш бил стар само неколку недели.

Ники Робинсон, жената која го пронашла овој мал ракун вели: „Кога ќе ги прашате луѓето што да правите со мал ракун тие ќе ви кажат дека може да го однесете на ветеринар и тие ќе го еутанизираат или да го оставите во природата па таа ќе одлучи што ќе направи со него. Тоа потполно ми го скрши срцето. Не можев да дозволам да се случи тоа“.

Бидејќи Ники работела по цели денови, нејзината мајка се грижела за ракунот. Му давала да пие од шише, го галела бидејќи ракуните сакаат да ги допирате, и за многу кратко време се приврзале.

До крајот на летото „Мали Рачиња“ пораснал во силен и здрав ракун. Иако дошло време да го пуштат да живее во своето природно опкружување, ракунот никогаш не ја заборавил Линда, мајката на Ники.

„Ракунот и мајка ми толку силно се приврзаа еден за друг што тој буквално седнуваше со неа на лулашката во дворот, местејќи го да го чешка по брадата“, раскажува Ники.

Иако веќе три години ракунот живее самостојно, тој продолжува да ја посетува Линда во куќата каде што израснал.

Извор: srekja.mk

Previous Кажете им збогум на тесните панталони, овие се апсолутен хит! (ФОТО)
Next Дали сте спремни за нешто поинакво? Подгответе се за зимските денови со грозје во тегла!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *