Што всушност е љубовта?


Франц Кафка (1883-1924), кој никогаш не се оженил и немал деца, шетајќи низ паркот во Берлин, сретнал едно девојче кое плачело бидејќи ја изгубило својата кукла. Таа и Кафка безуспешно го пребарале паркот, но не ја пронашле. Кафка и ветил дека наредниот ден ќе дојде повторно да и помогне да ја најдат.

Следниот ден, иако не ја пронашле, Кафка му подарил на девојчето писмо кое го напишала куклата „Те молам, не плачи. Отпатував за да го прошетам светот. Ќе ти пишува, за своите авантури.“

Така започнала приказната која продолжила сѐ до крајот на животот на Кафка. Во текот на нивните состаноци, Кафка внимателно му ги читал на девојчето авантурите и приказните на куклата, а таа го слушала со воодушевување и возбуда.

Конечно, Кафка ја донесол куклата (ја купил) која се вратила од Берлин.

„Оваа кукла воопшто не личи на мојата“, рекло девојчето.

Кафка тогаш и предал уште едно писмо во кое куклата напишала: „Патувањата ме променија.“ Девојчето ја прегрнало новата кукла и пресреќна ја однела дома.

Година подоцна, Кафка починал.

Многу години подоцна, девојчето кое сега прераснало во девојка во куклата пронашла писмо. Во малото писмо кое го потпишал Кафка пишувало:

„Сѐ што сакате веројатно ќе биде изгубено, но на крај љубовта ќе се врати на друг начин.“

Извор: srekja.mk

Previous Запознајте го човекот кој ништо не работи, а одлично заработува
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 СЕПТЕМВРИ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *