Рибино масло: Најдоброто средство против брчки


Ова се неколку едноставни и ефикасни маски, од кои вашето лице повторно ќе заблеска.

Маска од рибино масло

Верувајте, најдобриот лек за брчки е рибиното масло. Тоа содржи голема количина на витамините А и Е кои го забрзуваат процесот на регенерација на кожата, а исто така ја прават мазна и еластична.

Ако се борите со ситни брчки и старечки пеги, помешајте рибино масло со масна павлака и лимонов сок – доволна е само една лажичка. Нанесете ја смесата на кожата, почекајте 20-30 минути, а потоа измијте ја маската со однапред подготвен чај од камилица.

Маската од рибино масло и мед одлично ги намалува длабоките брчки. Лажичка рибино масло добро измешајте со иста количина мед. Рамномерно нанесете ја оваа смеса на кожата на лицето и држете 20-30 минути. Потоа отстранете ја маската со хартиена марамица, а остатоците измијте ги со топла вода. Ставајте ја оваа маска два пати неделно и наскоро ќе го видите посакуваниот резултат.

Чистото рибино масло е најефикасното средство за отстранување на брчките околу очите. Дерматолозите препорачуваат да се нанесува пред спиење. Доволно е да стои на кожата околу 20 минути, а потоа измијте го со чиста вода.

За да го зголемите ефектот, рибиното масло може да го користите и надворешно и внатрешно, во облик на витамини.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 6 СЕПТЕМВРИ 2021 ГОДИНА
Next Џинот прогласен за најздрав алкохолен пијалок, погоден и за слабеење

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *