– Северна Кореја досега не потврди ниту еден случај на ковида -19, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Според податоците со кои располага СЗО, Северна Кореја тестирала 693 лица за вирусот корона од 30 јули до 5 август, а сите тестови се покажале негативни, пренесува агенцијата Тасс.
Властите на Северна Кореја тестираа вкупно 36.000 луѓе од појавата на пандемијата на вирусот корона, но ниту еден случај не е потврден.
Извор: objektiv.com.mk