Нема пари што ќе ви купат стил, модните критичари остро и порачаа на ѕвездата од Барбадос.
Папараците ја следат на секој чекор, па така беше фатена синоќа кога излезе во локалниот бар. И најбогатата пејачка и нова милијардерка, Ријана, ниту овојпат не освои симпатии за нејзиниот моден избор. Напротив, сите што го видоа нејзиниот стајлинг коментираа дека убавицата од Барбадос е една од дамите кои никогаш нема да знаат да се облечат. Имено, за релаксирано вечерно излегување, Ријана избра да облече искинати фармерки со црвена постава, на кои ги „намести“ шарената блуза „Харли“ со длабоко деколте.
За повеќе кликнете на наредниот линк: Ријана на мета на модните критичари
Извор: srekja.mk