Контрацепција за мажи – Нов проект на Бил Гејтс


Научниците од Универзитетот во Данди добија 1,2 милиони американски долари (повеќе од 1,4 милиони евра) помош од Бил Гејтс што ќе се искористат во следните две години за да се идентификуваат соодветни соединенија со потенцијал за развој на првата безбедна и ефикасна машка контрацепција.

Крис Барат, професор по репродуктивна медицина на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Данди, изјави за британскиот дневен весник „Метро“ дека од развојот на кондомите нема значителни промени во областа на машката контрацепција.

„Ова значи дека голем дел од товарот за заштита од несакана бременост сеуште паѓа на жените. „Се надеваме дека ќе ја решиме таа нееднаквост и веќе постигнавме напредок, благодарение на претходната рунда финансиска помош добиена од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“, рече Барат.

Тој додаде дека Универзитетот е во единствена позиција да продолжи со ова истражување, комбинирајќи ја „нашата меѓународно призната експертиза за истражување на машката плодност во рамките на нашето Медицинско училиште со нашето знаење за дизајнот на пилули врз основа на нашето научно училиште“.

„До крајот на овој двегодишен период, би сакале да идентификуваме висококвалитетно соединение со кое можеме да преминеме во првите фази на развој на пилули. „Тоа ќе биде значаен чекор напред на ова поле и потенцијално може да биде клучот што отвара нова ера во машката контрацепција“, рече Барат.

„Метро“ наведува дека помеѓу 2015 и 2019 година имало околу 121 милиони несакани бремености во светот. Несакана бременост се јавува три пати почесто во најсиромашните региони во светот.

Извор: srekja.mk

Previous ЧУДО ВО ВСЕЛЕНАТА: За прв пат забележана светлина од другата страна на црната дупка
Next Папучињата Кока-Кола Крокс се симбол на ова време

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *