Бесперкорна кожа со помош на јогурт – Моќна состојка во негата на лицето


Јогуртот е популарно јадење ширум светот, а покрај нутритивните придобивки, јогуртот е и одлична состојка за многу проблеми со нега на кожата.

Го осветлува тонот на кожата
Млечна киселина во јогурт ја инхибира синтезата на тирозиназа. Тирозиназата е ензим одговорен за производство на меланин, супстанца што ја прави кожата темна. На овој начин, јогуртот може да помогне во подобрувањето на тонот на кожата.

Пилинг на кожата
Млечната киселина во јогуртот, исто така, може да помогне да се направи пилинг на вашата кожа и да се подобри брзината на обновување на нејзините клетки. Покрај тоа, млечната киселина не ја иритира кожата со отстранување на мртвите клетки од кожата

Темни кругови
Некои истражувања сугерираат дека цинкот во јогуртот може да помогне во ублажување на флеките и лузните.

МАСКА СО МЕД И ЈОГУРТ
Медот содржи антимикробни и антиоксидантни својства кои можат да и помогнат на вашата кожа да постигне природен сјај.

СОСТОЈКИ:

  • ½ чаша јогурт
  • 2 лажици мед

Измешајте половина чаша јогурт со 2 лажици мед во сад. Нанесете ја маската рамномерно на целиот врат и лице. Оставете ја маската 20 минути и исплакнете со топла вода.

Извор: srekja.mk

Previous Навики што треба да ги избегнувате доколку сакате здрави заби без непријатна болка
Next Нешто во врска со играта NHL 21 на EA Sports

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *