in , ,

Лиде на Венко со нов спот и песна: Додека ја галев мојата мачка на снимањето, мислев на министерот.

Македонската јавност Лиде Лиле ја запозна по коментарите на речиси секоја објава на министерот за здравство Венко Филипче.

Девојката која се прослави на социјалните мрежи со почетокот на пандемијата на коронавирусот во нашата земја позната како Лиде Лиде, денес на својот официјален ЈуТјуб канал ја објави и нејзината втора песна со наслов „Ало Министре“.

Лиде за Шило изјави дека песната ја снимала рано на сабајле за нејзиниот глас да биде секси, за да може побрзо да допре до министерот Венко. Галеќи ја мојата мачка за време на снимањето мислев дека во мојот скут лежи министерот Венко, па преку мојата мачка сакав да изразам уште поголема љубов.

Лиде е крајно разочарана од министерот, таа за Шило вели дека има снимено две авторски песни за него и испечатено голем број на маички и шолји за кафе, но за жал шолјите останаа празни, бидеќи министерот си нема појма да го испие ветеното кафе со заљубената Лиде.

Во продолжение погледнете го новиот спот на Лиде кој е снимен со мобилен телефон.

Извор: shilomagazine.com.au

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 ЈУНИ 2021 ГОДИНА

Неопходни алатки кои мора да ги има секое домаќинство