in , ,

Можете ли да го препознаете ова момче: Денес е легенда и гордост на нацијата! (ВИДЕО)

https://viralno.mk/wp-content/uploads/2021/06/Goran-Pandev-700x496-1.jpg

Ве враќаме во минатото, во едно друго време и друго место. Ако не го препознавте момчето  кое го гледате на фотографијата,чиј талент и тогаш и сега е непресушен, да ви појасниме дека тоа е нашиот „гранде“ Горан Пандев. Видеото е од едно друго време, кога Пандев славеше победа со 5-3 и по втор пат го освои кадетскиот Куп на Македонија.

„Јас сум Пандев Горан, член на Беласица. Овој натпревар беше многу тежок, поведовме со 2-0…Потоа домаќините израмнија на 2-2, но ние сепак смогнавме сили на крајот издвојувавме победа со 5-3 и го освоивме по втор пат купот на Македонија“ – вели тогаш денешната македонска фудбалска легенда во друштво на своите тогашни клубски другари, од кои некои од нив, подоцна станаа исто така познати македонски фудбалери.

На прашање на новинарот кој е неговиот учинкот на натпреварот тој вели:

„Мојот учинок беше постигнувањето на вториот гол и тоа што уште еднаш тргнавме кон нова победа“ – вели Пандев во можеби своето прво ТВ интервју во кариерата.

Оваа снимка ја објави  регионалната телевизија ВИС од Струмица, а видеото можете да го погледнете доколку КЛИКНЕТЕ на следниов ЛИНК.

Извор: СпортМ.мк

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Хороскопски знаци кои најчесто доживуваат голем успех во зрелите години

Уклучете се на новиот FIFA 21 стрим кој почнува во 13 и 25 часот