Како го користите мобилниот телефон открива дали сте во депресија или сте импулсивни


Дали премногу често го користите мобилниот и ги проверувате известувањата на секои неколку минути? Тоа многу веројатно би значело дека сте импулсивни и дека сте под стрес поголемиот дел од времето.

Според студијата, жените поминуваат во просек 600 минути на ден на мобилен телефон, а мажите 459. Тоа време вклучува работни задачи како испраќање е-пошта, но и сурфање на социјални мрежи и лизгање. Дали знаевте дека користењето телефон може да открие многу за вашата личност? Еве што вели мобилната употреба за нас.

1. Премногу често ги проверувате известувањата? – Вие сте импулсивни
Според студијата, ако постојано го проверувате вашиот мобилен телефон и сте зависни од него, тоа може да значи дека сте импулсивни. Луѓето кои се повеќе зависни од нивните телефони, најверојатно ќе бидат поемотивни од оние кои помалку го користат.

2. Дали го користите телефонот често? – Вие сте под поголем стрес
Луѓето кои користат телефони почесто имаат поголемо ниво на стрес, тврдат истражувањата. А, стресот, од друга страна, ги прави помалку задоволни од нивниот живот. И обратно, ако помалку го користите мобилниот телефон, ќе го намалите стресот.

3. Дали сте на телефон повеќе од еден час на ден? – Вие сте депресивни
Исто така може да биде показател за депресија. Откриено е дека фреквенцијата на употреба на телефон е поврзана со повисоко ниво на депресивни симптоми.

4. Го користете телефонот после полноќ? – Вие сте изложени на ризик од анксиозност
Студијата покажа дека луѓето кои често ги користат своите телефони по полноќ, имаат поголема веројатност да спијат полошо. И бидејќи губењето на сонот во голема мера влијае на нашето расположение, тоа може да нè направи понервозни и вознемирени. Луѓето кои имаат обврски и сакаат да бидат одморени, престануваат да ги користат своите мобилни телефони пред полноќ.

5. Дали чекате да се наполни вашиот мобилен телефон? – Вие сте добар организатор
Ова однесување, како што покажа истражувањето, е предиктор за нечии организациски склоности. Совесните луѓе не сакаат кога батеријата им е празна, а за оние кои сакаат да бидат организирани, батеријата е секогаш некаде над 60 проценти.

6. Дали правите и примате премногу повици? – Вие сте екстровертни
Истражувањата покажаа дека поотворените луѓе имаат тенденција да остваруваат повеќе телефонски повици од другите. Со оглед на ова, екстровертите остваруваат и примаат многу повеќе повици (дури и навечер) и почесто користат WhatsApp, пишува Bright Side.

Извор: srekja.mk

Previous 55-годишна госпоѓа се истетовира од глава до пети – Вели дека не ја поднесува својата кожа без нив
Next Бојата на очи ја открива вашата душа – Синооките се сонувачи, кафенооките се темпераментни луѓе

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *