Среќа. Сите ние се стремиме кон тоа, само ја опишуваме на различни начини и, во најголем дел, ја идентификуваме со пари и статус. Дали сме на вистинскиот пат?
Племето Пираха, околу 400 од нив, познато како најсреќното племе на светот, се крие во џунглите на Амазон. И покрај вообичаеното верување дека спиењето е добро за организмот, овие необични луѓе веруваат дека е штетно и ја прави личноста слаба и ранлива. Тие длабоко веруваат дека кога ќе заспиете, може да се разбудите како друга личност, па затоа не треба да ризикувате. Тие исто така веруваат дека колку помалку спиете, толку подолго живеете. Дури и кога спијат, тие не одат во кревет, а веднаш по будењето почнуваат да ги работат своите вообичаени работи.
Во нивниот јазик не постои име за повеќето броеви. Членовите на мало, изолирано бразилско племе, како што открија американски научници, ги знаат само поимите „еден“, „неколку“ и „многу“. Нема временски одредници во племето Пираха, нема минато или иднина, постои само сегашноста.
За повеќе кликнете на нредниот линк: Племето Пираха
Извор: srekja.mk