Неверојатен експеримент – Успеал да оживее мртво растение со помош на својата коса


Човек од Данска изврши необичен експеримент. Армен Адамјан (31) „нахрани“ едно растение со своја коса и откри дека расте побрзо од друго што не добило ваков вид на исхрана.

Во ова постои едноставно објаснување – косата е богата со азот.

Ако имате растенија што умираат и не знаете како да ги зачувате, испробајте го овој трик споделен од Армен. Користејќи ја косата, која ја закопа покрај стеблото на растението, откри дека на тој начин расте побрзо. Резултатите ги сподели на социјалните мрежи.

– Повеќето од моите идеи се случуваат спонтано, како оваа. Се разбудив и ја чешлав косата, и кога погледнав во четката, се прашував дали има нешто за што може да се користи косата. Иако на почетокот ми изгледаше малку лудо, сфатив дека мојата коса е богата со азот. Знаев дека азотот е клучен во растот на растенијата бидејќи без него тие пожолтуваат и повеќе не можат да растат – рече Армен.

Тој одлучи да направи експеримент со две идентични растенија (во иста фаза на раст) со ист квалитет на почвата.

– Јас закопав топче од косата во една, покрај стеблото на растението. Во текот на следните шест недели, растението со закопана коса порасна побрзо и повисоко од оној без него – откри тој.

После тоа, тој експериментираше со други садници и го забележа истиот напредок.

– Човечката коса содржи големи количини на азот, а најдоброто нешто е што и треба време да се распадне, што значи дека секогаш кога ќе ги наводнувате растенијата, азот се ослободува во почвата. Ако некое од вашите растенија одеднаш престане да расте или долните лисја пожолтуваат, тоа може да значи дека му недостасува азот – додаде тој.

Видеото доби повеќе од 8.000 лајкови на Инстаграм, а на ТикТок беше прегледано повеќе од 28.000 пати, пишува Мирор.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 27 МАЈ 2021 ГОДИНА
Next И овој месец PS4 Plus даваат супер игри за месецот Јуни

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *