Направете бајадера со плазма, совршена комбинација, а толку лесен и вкусен десерт.
СОСТОЈКИ:
- 3 јајца
- 300 гр. шеќер
- 200 гр. лешник карамела
- 1 маргарин
- 300 гр. мелена плазма
- 100 гр. чоколадо за горе
- 5 лажици масло
ПОДГОТОВКА:
- Се варат јајцата и шеќерот на пареа додека не се стопи шеќерот.
- Се додаваат карамелите потоа.
- Се додава маргарин кога ќе се стопат, па се става и мелена плазма.
- Се става во намастен плех и се остава да се стегне.
- Се топи чоколадо со масло и се става горе смесата.Се лади и се сечат штанглици.
Извор: готви.мк