in , , , ,

Фотограф изградил минијатурно село за глувци во својот двор

Фотографот Сајмон Дел создаде минијатурно село за глувци во неговиот двор. Куќите ги градел од дрво, а инспирација му биле сценографијата од филмовите Господар на прстените и Хобит.

Идејата му дошла, вели тој, кога еден ден, седејќи во дворот, забележал глушец. Веќе следниот ден, тој започнал да гради куќа за глувци. Еден ден отишол да го нахрани глушецот и забележал дека во куќарката дошло друштво. Фотографот сфатил дека куќата е премногу мала за двајцата, па започнал да додава соби. Секој ден стоеле пред вратата чекајќи го да им донесе појадок. Семејството на глувци наскоро се прошири – тие добија бебе. Фотографот создаде веб-страница посветена на глушец по име Џорџ, а исто така е активен на социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук и Инстаграм, каде ги споделува авантурите на глувците во неговиот двор.

За повеќе кликнете на наредниот линк: минијатурно село за глувци

Извор: srekja.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Ситуации кои секогаш се случуваат во филмовите но никогаш во реалноста

Предмети кои доколку ги чувате во бањата можат трајно да се оштетат