in ,

Со години не е дел од естрадата и живее во Швајцарија, а вака изгледа синот на Зоран Ванев кој e најдобар стрелец во ракомет

Македонскиот пејач Зоран Ванев публиката го памети по песните „Ангела“, „Јужна пруга“, „Лила“…

Ванев веќе  со години не е дел од естрадата, а музиката му е втор план.

Имено, некогашниот пејач заедно со семејство живее во Швајцарија каде што се занимава со медицина. Докторот за фолк забава, сега е лекар кој не лечи души со песна, туку болести со алтернативни методи на природна база!

Конкретно се занимавам со лекување на сите врсти на болести без ограничување. Има болести за кои според швајцарскиот закон мора да сум во комуникација со доктори и специјалисти од школската медицина (како на пример оперативни интервенции или инфекциски заболувања), има болести за кој имам потполна ингеренција. Што значи дека мора да се запазат сите принципи на законска регулатива за да крајниот ефект биде неприкосновен’’ – тврди Ванев во една прилика.

Зоран освен што е успешен на професиоанлно поле, тој повеќе од 20 години е среќен брак со Лидија.

Некогашниот пејач не е премногу активен на социјалните мрежи, но деновиве не може да издржи и да не се пофали со својот син Ник Ванев кој ниже успеси на спортско поле.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Имено, Ник Ванев тренира ракомет и е најдобар стрелец во ракомет.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Пејачот на својот „Фејсбук“ објави неколку фотографии од синот кој го носи дресот на клубот за кој тренира и напиша дека е најдобар стрелец, а по објавата се нижеа честитки за неговиот успех.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Фотографија од Андријана Јаневска, Тоше и Каролина пред 21 година: „Спомени од едно време кога другарството беше најважно

Не сакам модерна љубов – Сакам некој што сака да ме држи во свет каде што сите сакаат да си одат