Српската пејачка Драгана Мирковиќ големиот христијански празник Велигден го дочека како и повеќето граѓани, односно во својот луксузен дом во Австрија.
Како и сите верници, таа вапцуваше Велигденски јајца, а со крајниот резултат се пофали на социјалните мрежи. За нејзиното дело пејачката доби многу пофалби и комплименти.

ФОТО: ИНСТАГРАМ
Освен фарбаните јајца, сите забелажаа како Мирковиќ го украсила домот за време на празникот, но посебно внимание привлече мебелот на Версаче.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

ФОТО: ИНСТАГРАМ
За потсетување, Драгана со години живее во Виена заедно со својот сопруг Тони и децата Марко и Мануела.
Извор: vistina.com.mk