Што кога тој не одговара на пораката? – Кои се можните сценарија


Само затоа што неговата порака е единствената работа за која размислувате, не значи дека ситуацијата е иста со него..

Приказната е секогаш повеќе или помалку иста. Почнавте да се допишувате, сè изгледаше ветувачки и тој одеднаш се повлече. Може да мислите и толкувате дека постои оправдана причина, дека тој е зафатен, но ова се трите најчести причини зошто еден човек престанува да се јавува.

Одговор од пристојност
Повеќето момци се подготвени да вложат малку напор и да одговорат на неколку пораки од пристојност. И бидејќи сè има свои граници, ако тој навистина не е заинтересиран, тој ќе се повлече кога ќе му здодее.

Вашата порака не е единствената
Само затоа што неговата порака е единственото за што мислите, не значи дека ситуацијата е иста со него. Мажите имаат тенденција да дејствуваат „на повеќе страни“ и ако ги игнорира вашите пораки вие едноставно не сте му приоритет.

Се појавило нешто друго
Се обидувате да го привлечете неговото внимание, но можеби не сте единствените. Ако порано се чинеше заинтересиран, а сега веќе не, најлогичен заклучок е дека тој повеќе не е заинтересиран. Веројатно се појави некој што му е поинтересен и во такви ситуации, најпаметно е да продолжите понатаму – и да го зачувате своето достоинство.

Извор: srekja.mk

Previous Најнова Велешка фото сесија 5
Next Бојкот во Струмица на средношколците против е-учебници и за враќање во училишните клупи

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *