Мими Јовановска од Велес настапуваше во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“. Во петиот круг Мими пееше во дуел со нејзината против кандидатка Александра Дабиќ. Мими се претстави со песните „Зошто си ме мајко родила“ и „Казуј крчмо“. По нејзиниот настап Мими доби пет гласови од жирито и помина во бараж. Членовите на жирито имаше само убави зборови за Јовановска.
„Мими твојата боја на гласот на моменти ме потсетува на песнички за спиење. Ти го кажувам во најдобра смисла, така да размисли да снимиш таков албум со приспивни песни, можеш да позајмиш и глас за некој цртан филм. Ти и покрај тоа што имаш убав глас, изгледаш како холивудска ѕвезда. Браво, вака изгледа една холивудска ѕвезда на црвен килим“, беше коментарот на Јелена Карлеуша.
Марија Шерифовиќ исто како и Јелена Карлеуша имаше пофални зборови за Мими истакнувајќи дека преубаво пеела. И останатите членови на жирито имаа само убави зборови за нашата Мими но сепак тоа не беше доволно. Мими повторно пееше во бараж, но на крајот кога Поповиќ ги кажуваше кандидатите кои поминале понатаму меѓу нив не беше бројот на Јовановска. Мими испадна од музичкото шоу, а дали продукцијата ќе ја врати останува да видиме. Нејзиниот настап може да го погледнете подолу на видеото на 2: 26: 54
Извор: veles365.com