Дури во триесеттите години, што е доцна според поп-стандардите, таа стана sвезда, а дотогаш веќе помина низ многу работи во својот живот. Како дете била во кома (последица на пневмонија), како девојка работела за Би-Би-Си во Њујорк, излегувала со Енди Ворхол и други лица од Њујорк, избегала од насилна врска, била возач на „Њујорк кукли“, основала женски бенд и ја формирала „Блонди“.
Денес, Деби Хари има 76 години и кога ќе се осврне наназад, вели:
„Отсекогаш сакав да се движам наоколу во животот. Нешто ќе ме заинтересираше и веднаш сакав да видам што е тоа. Да, имаше моменти кога ќе помислев: „Ти беше толку голема будала. Се вртиш назад и ги гледаш сите грешки кои си ги направила па се прашуваш зошто воопшто си го направила тоа Но, генерално, мислам дека имав среќа. И јас бев среќна“.
Како што признава, нејзината најголема грешка биле парите.
„Всушност, факт е дека не посветував доволно внимание на работата, бизнисот, парите, затоа што бев заинтересирана да создавам музика и да настапувам“.
Во осумдесеттите години, Деби Хари и Крис Штајн, гитаристот на групата „Блонди“ (тие беа во врска 13 години), изгубија – сè.
За повеќе кликнете на наредниот линк: Несреќната судбина на панк принцезата
Извор: zenskimagazin.mk