Според проценките на „National Geographic“, во светот има дури 117 милиони езера. Во жестоката конкуренција, според многу истражувачи и научници, ова може да се круниса со ласкавата титула на најчистото езеро во светот – поточно, оптички чиста, скоро како дестилирана вода.
Синото езеро, или покомплицирано Ротомаиревенуа, е мало езеро лоцирано во Националниот парк Нелсон езера во Нов Зеланд. Истражувањата покажаа дека видливоста тука достигнува длабочина и до 80 метри! Ова го сруши рекордот што го држеа изворите на Те Ваикоропупу до 2011 година, исто така во Нов Зеланд. Одредени делови на Пацификот можат да се пофалат со ваква чиста вода, но секако не спаѓаат во категоријата езера. На Синото езеро, можно е да се забележат дури и виолетови нијанси на вода кои се видливи само во најчистите води во природата.
За повеќе кликнете на наредниот линк: Најбистрото езеро на светот
Извор: srekja.mk