Во бикини обележан крајот на ски-сезоната на Сибир – Минусните температури не ја спречија атрактивната глетка


(ВИДЕО) Илјадници љубители на зимските спортови, облечени само во костуми за капење, се спуштија по падините на рускиот регион Кемерово, како дел од годишниот настан по повод крајот на сибирската ски-сезона.

Околу 1.700 луѓе добро ги искористија ледените температури за да учествуваат во секси спуст возење во популарниот скијачки центар Шерегеш во саботата, рече организаторот. Иако бројот на учесници е импресивен, Гинисовиот рекорд за најмасовно полуголо спуштање, кој беше поставен на истата локација пред неколку години, не е срушен. Причината за ова е пандемијата на Ковид-19, која овојпат спречи странски гости да стигнат до сибирските падини. Без оглед на тоа, храбрите руски учесници одлично се забавуваа, а истовремено добија и придружна содржина за своите страници на социјалните мрежи.

Извор: srekja.mk

Previous Велешка фотосесија на вирално.мк 2
Next Рамен стомак за 2 недели – Најефикасните совети кои даваат најдобри резултати

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *