Херојски чин на доктори – Ја продолжиле операцијата на отворено срце и покрај пожарот кој ја зафатил болницата


Додека болницата во Благовешченск на крајниот исток од Русија гореше, хирурзите и медицинските сестри одбија да го остават пациентот на операционата маса и по цели два часа успешно ја завршија процедурата на отвореното срце.

Покривот на болница во рускиот град Благовешченск се запали кога краток спој предизвика пожар кој брзо се прошири над старите дрвени греди. Вкупно 67 пациенти беа веднаш евакуирани заедно со остатокот од медицинскиот персонал, но осум лекари и медицински сестри останаа во зградата во една од операционите сали. Во моментот кога избувнал пожарот, започнале операција на срцето и имплантација на бајпас.
„Моравме да продолжиме. Ние воопшто не размислувавме за откажување. Ја завршивме операцијата до крај “, рече хирургот Валентин Филатов.

Тој призна дека целата ситуација била многу стресна .
„Секако дека се плашевме. Ние сме луѓе. Но, мојот тим покажа присебност и храброст, бидејќи операцијата мораше да продолжи “, истакна хирургот. За да ги заштитат пациентот и медицинскиот тим од чад, пожарникарите користеле електрични вентилатори во ходниците, а централната вентилација била исклучена за да не се напојува огнот.
За среќа, пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот при крајот на операцијата и нема повредени.
„Голем поклон пред медицинските лица и пожарникарите“, рече гувернерот на регионот Амур, Василиј Орлов.

Извор: srekja.mk

Previous Розовото езеро Бурлин низ кое минува воз – Нема да поверувате дека оваа глетка е всушност реалност
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 АПРИЛ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *