ОТЕЦ ФИЛИП ИВАНОВ ДОНИРАШЕ ПАКЕТИ ЗА СИТЕ БОЛНИ ОД КОВИД-19 ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА


Отец Филип Иванов од Евангелската црква во Велес денес на сите болни од Ковид-19 коис е на болничко лекување им однесе пакети со храна и пајалаци донирани од неговите соработници и помагачи. По Божја милост и со молитви за брзо закрепнување, денеска однесовме пакети со по некој килограм овојше, сок и вода за сите 85 ковид пациенти што се моментално на Инфективното одделение и во модуларната ковид болница тука во Велес. Им благодариме на здравствените работници што војуваат вистинска битка за животите и здравјето на нашите сограѓани, нека Господ ги благослови и награди, а ние да се обидеме да им олесниме и помогнеме! Благодарност и до сите браќа и сестри што донираа и што помогнаа во пакувањето, за вас останува наградата на она што Христос го кажа за сите болни и оние што ќе им помогнат: „Гладен бев – ме нахранивте, болен бев – ме посетивте…“ Слава на Бога за сè!, напиша на фб отец Филип Иванов.

Извор: veles365.com

Previous РЕЦЕПТ: Зелени палачинки за здрав почеток на пролетта
Next Древниот град Петра – Скриен скапоцен камен во пустинскиот песок и огромните карпи на Јордан

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *