in , ,

Најголемата нерешена историска мистерија – Килибарската соба открива нова теорија

Руина на германски брод, потонат во последните денови од Втората светска војна, можеби ги крие остатоците од килибарната соба, една од најголемите нерешени историски мистерии.

Нуркачите, предводени од Томаж Штахур, по повеќе од една година потрага ги открија остатоците од бродот „Карлсруе“ на дното на Балтичко Море, недалеку од градот Уштка, на длабочина од 88 метри. Бродот долг 66 метри последен испловил од Калининград, тогаш познат како Кенинсберг, кој бил под германска окупација. Тој учествуваше во масовната евакуација на Германците од тој дел, тогаш позната како Источна Прусија, која и припаѓаше на Германија во тоа време, во април 1945 година.

Евакуацијата, позната и како операција Ханибал, започна поради напредувањето на Црвената армија, која ги победи нацистичките сили. Бродот тргна од Калининград на 12 април 1945 година, со 1.000 патници и 360 тони товар. Сепак, во зората на 13 април, тој бил погоден од торпедо од советски авион, а од бродот преживеале само 113 лица.

За повеќе кликнете на наредниот линк: Килибарската соба

Извор: srekja.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 13 И 14 МАРТ 2021 ГОДИНА

Миленици на среќата – Луѓето кои имаат КАФЕАВИ очи поседуваат необична моќ