Мими Јовановска растура на сцена, а еве како и оди во љубовта – ова е нејзиното момче со кое е во врска 3 години (фото)


Мими Јовановска од Велес  со својот глас и талент го освои жирито, но и публиката во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Мими во секој круг од музичкото шоу бриљира, а во емисијата каде што пее песна од Каролина Гочева и Уснија Реџепова ги собра сите симпатии од жирито. Овој нејзин настап е еден од најгледаните на Јутуб.

Јовановска неодамна во „Магазин“ истакна дека за музичкото шоу ја пријавила нејзината мајка.

За велешанката музиката не е ништо ново и непознато, таа и пред да се појави во „ЅГ“ се занимаваше со музика, односно свири со „Бендот на браќа Нуне“.

Кога станува збор пак за нејзиниот приватен живот, Мими не сака многу да зборува за него.

Таа е во врска со Филип Нуне со кој е заедно нешто повеќе од 3 години.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/МИМИ ЈОВАНОВСКА

Пејачката неодамна во „Магазин“ истакна дека се заедно и дека не сака многу да зборува на таа тема.

На социјалните мрежи Мими и Нуне имаат неколку заеднички фотографии, а еве како изгледа саканиот на Јовановска кој воедно и е најголема поддршка.

ФОТО: ФЕЈСБУК

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/МИМИ ЈОВАНОВСКА

ФОТО: ФЕЈСБУК

Како македонското девојче ќе се подготви за следниот круг на „Ѕвездите на Гранд“ останува да видиме, а дотогаш во продолжение слушнете ја изведбата со која го „распамети“ жирито.

Извор: vistina.com.mk

Previous Елитен невообичаен хотел – „Де Барикас“ во Мексико нуди сместување во буриња
Next СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 13 И 14 МАРТ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *