Витаминот Ц никако не смее да се конзумира заедно со овие намирници затоа што го ослабуваат неговиот ефект


Сигурни сме дека не постои личност која не вовела некои додатоци во исхраната во последните месеци. И меѓу нив, најважен е витаминот Ц.

Тој е неопходен бидејќи помага во одржување на многу биолошки функции, вклучувајќи синтеза на колаген, заздравување на рани, поправка и одржување на ‘рскавицата, коските и забите. Витаминот Ц е исто така силен антиоксиданс, што значи дека може да ги неутрализира слободните радикали кои ги оштетуваат клетките на генетско ниво.
Витаминот Ц се смета за „засилувач на имунолошкиот систем“, тој е достапен во различни варијанти. Се продава во капсули, таблети за џвакање, во форма на прав, додека се произведува за деца во разни вкусови. Особено е ефикасен во комбинација со други витамини како цинк или селен. Кога го консумирате, треба да ги земете предвид пропишаните дози. Препорачливо е да го консумирате наутро со цел да ја зголемите енергијата на организмот, но уште поважно е да се грижите за храната што ја јадете.

Еве список на храна што не треба да се комбинира со витамин Ц:

Црн дроб
Црниот дроб е многу здрав, но и исклучително богат со бакар. Доколку се консумира со витамин Ц, бакарот во црниот дроб може да предизвика витамин Ц да ја изгуби својата ефикасност, па затоа неговиот внес само ќе ги поништи поволностите на антиоксидансите, но и месото.

Млеко
Витаминот Ц може лесно да оксидира, додека млекото содржи оксидирачка супстанција витамин Б2. Ако се консумираат заедно, двата витамини ја губат својата ефикасност.

Школки и морски плодови
Школките и морските плодови содржат многу арсен. Кога се консумира заедно, петовалентен арсенид ќе се претвори во тривалентен арсенид, што е фатално, затоа оваа комбинација е строго забранета!

Лекови за намалување на холестерол
Витаминот Ц има антиоксидантни својства, што може да го смени дејството на лековите за намалување на холестеролот (ниацин и симвастатин).

Лимон и кисели јаболка
Ова кисело овошје во комбинација со витамин Ц може лесно да предизвика иритација во желудникот, па затоа совет е да се избегне оваа комбинација за да не се наруши драгоцената рамнотежа на киселината во желудникот.

Извор: srekja.mk

Previous Ирационални стравови – Дали сте чуле за фобија од свекрва или ташта и готвење?
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8 МАРТ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *