Најстарата особа на светот ќе го носи Олимпискиот факел во Токио


Јапонката Кејн Танака, која има 118 години и двапати се лекуваше од рак и преживеа две глобални пандемии, во мај ќе го носи олимпискиот факел во градот Шимеи, во префектурата Фукуока.

Најстарата личност на светот ќе носи факел додека седи во инвалидска количка што ќе ја турка еден од членовите на нејзиното семејство. Таа реши да направи неколку чекори на крајот од тој пат долг стотина метри и да му го предаде факелот на следниот тркач.

Кејн, која сака да пие газирани пијалоци, во јануари наполни 118 години и по тој повод доби подароци патики од семејството.

„Прекрасно е што таа ја доживеа оваа година и што сè уште може да биде активна. Ние сакаме другите луѓе да го видат тоа и да не мислат дека возраста е пречка“ – рече нејзиниот 60-годишен внук Еиџи Танака.

Меѓу најстарите луѓе што го носеа факелот беа 106-годишната Аида Геманке, која го запали олимпискиот оган во Рио де Жанеиро во 2016 година и 101-годишниот пинг-понг играч Александар Каптаренко, кој трчаше со факелот на Сочи 2014 Зимски олимписки игри.

Летните олимписки игри во Токио требаше да се одржат минатата година, но тие се одложени за оваа година, иако нивното одржување сè уште не е официјално потврдено поради моменталната состојба во врска со коронавирусот ширум светот.

Извор: srekja.mk

Previous Само за најсмелите авантуристи – Торов Бунар е чудо на природата кое остава без здив
Next Првиот вселенски хотел ќе ги отвори своите врати во 2027 година

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *