Како изгледа венчавката од соништата на секој хороскопски знак


Какви фантазии имаа секој хороскопски знак кога е во прашање најсреќниот ден, како според астрологијата тие ја замислуваат својата идеална венчавка.

ОВЕН
Овенот обожава свадби, гламур и елеганција, како кај својата така и кај туѓа. Затоа, слободно можете да му ја препуштите организацијата, изборот на бидермаер, испраќањето покани затоа што сè ќе биде совршено. Тој сонува за свадба со многу гости и многу цвеќиња, и ќе се погрижи не само младенците, туку и гостите да се чувствуваат посебно.

БИК
Бикот тешко да се одлучи за брак, но штом еднаш реши, тогаш свадбата мора да биде раскошна и сè да се претера: од храна и пијалоци до музика и торта од најмалку пет спрата. Тие ќе посветат посебно внимание на изборот на облека за младенците и нема да бидат воодушевени ако некој дојде на свадбата во некоја екстравагантна и несоодветна облека. За нив, тоа е кулминација на непочитувањето.

БЛИЗНАЦИ
Близнакот не е љубител на големи и напорни свадби. Најважно за него е венчавката да е закажана и кумовите навреме да пристигнат во општината. Дури и ако доцни, тој нема да направи проблем. Близнаците секогаш може да го земат првиот случаен минувач за свој кум. И штом ќе го склопат бракот, младенците брзаат кон некое егзотично место каде ќе го поминат медениот месец.

РАК
Ракот е во состојба да планира свадби со месеци, па дури и со години. Тој го замислува идеално покрај водата, без разлика дали станува збор за река, море или езеро. Со него, сè е испланирано детално, тој не остава ништо на случајот и секогаш има резервен план. Тој дискретно им нагласува на гостите што сака да добие како подарок и скоро секогаш одлучува за „плик“.

ЛАВ
Лавот сака ресторан со градина, зелен тревник, крошна со само една специфична боја на цвеќе, бели столици со златни детали, дискретни цветни аранжмани на масата. Само специјалитети и избрани пијалоци ќе бидат на менито. Фустанот на невестата ќе биде едноставен, но скап – мора да биде изработен од врвен материјал и украсен со тантела и кристали. Од гостите се очекува и елегантна гардероба.

ДЕВИЦА
Девиците се практични, но и прилично романтични. Не сака да троши многу на венчавката, но нејзината прва цел е да покани луѓе кои се блиски до неа и кои навистина ги сака. Ова не значи дека таа ќе штеди, сè ќе биде во изобилство, но само за избран број на гости. Нивната најголема желба е сите да се чувствуваат пријатно.

ВАГА
Вагите не сакаат да стапат во брак во ресторан со многу луѓе. Ако би можела да избере, би сакала да се омажи на мал и егзотичен остров каде никого не знаат. И бидејќи тоа е ретко изводливо, тој е задоволен со скромна свадба која повеќе личи на добра забава. Не се оптеретува премногу со гардеробата, важно е да бидете со стил и со некои необични детали.

ШКОРПИКА
Шкорпијата сака совршена венчавка и сè да е беспрекорно. Ако може да се направат две свадби, една за општинска и друга за црковна, уште подобро. Шкорпиите ќе уживаат во планирањето на секој детал за да имаат што повеќе романтична радост. Венчаницата на невестата ќе биде со таков пресек што ќе открие што е потребно и ги крие недостатоците.

СТРЕЛЕЦ
Стрелецот сака да каже судбоносно „да“ во замок со прекрасен зелен тревник додека гостите седат на бели столови и под бели чадори. За него е многу важно музиката да е добра и да бидат претставени жанровите со кои може да се танцува и пее. Храната мора да биде разновидна и да го задоволува сечиј вкус. Невестата избира венчаница изработена од фина чипка со дискретно деколте или отворен грб, додека младоженецот ќе се одлучи за обична елеганција.

ЈАРЕЦ
Јарецот не сака бучава и не сака музиката на венчавката да го надвладее разговорот на гостите. Тој сака на сите да им биде пријатно, но без премногу гужва и без премногу луѓе. Сè мора да биде дискретно и без многу помпа. Тој верува дека нема потреба младенците да бидат премногу нервозни околу еден ден. Повеќе им значи да изберат романтично место за меден месец.

ВОДОЛИЈА
Водолијата не смета дека хартијата ќе промени нешто, но ако веќе се прави свадба, тогаш таа мора да биде гламурозна со познати, респектабилни и успешни гости кои мора да бидат максимално дотерани. Фотографиите мора да бидат стилизирани и добро тематизирани, на кои ќе блеснат младенците. Се подразбира дека услугата мора да биде врвна.

РИБИ
Рибата ја замислува својата венчавка во некој интимен агол во природата, на еден предел со прекрасен поглед, во морско или речно пристаниште или среде езеро. Осветлувањето мора да биде затемнето, со многу свеќи или фенери. Венчаницата на невестата и костумот на младоженецот мора да бидат исти светли нијанси. Гостите не мораат да бидат премногу дотерани. Многу е поважно дека станува збор за позитивни луѓе кои ќе создадат добра атмосфера.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА МАРТ 2021 ГОДИНА
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4 МАРТ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *