Главен тренд кај фризурите оваа пролет – Светли прамени и коса како „бакната“ од сонцето


Како што сугерира името, ‘bronde’ бојата е совршен спој на плави и кафеави тонови, обично со потемна основа и русокоси кадрици.

Подлабока од мед, но посветла од темно-кафеава, бојата bronde е совршена за секој што сака да постигне ефективна промена на бојата на косата. Таа е апсолутно одржлива боја, а во исто време и дава димензија на вашата коса. Таа е идеална за вакви периоди каде што поминуваме со месеци без посети на салони. Покрај тоа, фризурата bronde се постигнува без бланширање, што значи дека косата не е оштетена и останува здрава.

Bronde нијансата е еден од ретките трендови на коса кои ласкаат скоро на секого, без оглед на тенот, должина или текстурата на косата. Таа е совршен избор за суптилно, но ефикасно менување на вашиот изглед. Хејли Бибер е една од оние чиј стил го обожаваме, а нејзината нова руса нијанса на коса не освои. Заедно со неа, многу славни дами се обожавателки на оваа боја на коса. Подолу ви донесуваме познати дами и нивните фризури кои можат да ви послужат како инспирација доколку барате да го промените вашиот изглед.

За повеќе кликнете на наредниот линк: главен тренд кај фризурите оваа пролет

Извор: srekja.mk

Previous РЕЦЕПТ: Витаминска бомба во чаша – Смуди кое ја враќа енергијата
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 5 МАРТ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *