Неверојатна игра на судбината: Работеле заедно 8 години и случајно откриле дека се сестри


Џулија Тинети (31) и Касандра Медисон (32) се запознаа во 2013 година, додека работеа во ист град. Тие немаа идеја дека можат да бидат во роднинска врска, сè додека странци не ја истакнаа нивната сличност. На крајот се покажа дека тие се родени сестри.

„Џулија го забележа доминиканското знаме на мојата рака и рече дека таму била посвоена. Ја запрев да и кажам дека и јас сум посвоена од таму. Станавме пријателки, почнавме да носиме слична облека и се забавувавме додека им кажувавме на сите дека сме сестри“ – рекла Касандра.

Станаа најдобри пријатели и осум години не сфатија дека всушност се сестри. Кога почнаа да слушаат коментари за сличноста, тие почнаа да се прашуваат дали навистина се во крвно сродство, но нивните документи за посвојување воопшто не се совпаѓаа. Местото на раѓање, презиме и името на мајката биле различни. Касандра дознала дека имала сестра кога ги посетила своите биолошки родители во Доминиканската Република. Тие и откриле дека имаат девет деца, три момчиња и шест девојчиња, но биле принудени да ја дадат на посвојување неа и Џулија, бидејќи не можеле да си дозволат да издржат големо семејство.

Девојчињата потоа решиле да направат ДНК тест, а нивните сомнежи наскоро биле потврдени.

„Ние сме сестри! Иста мајка, ист татко! Двете девојки кои работат заедно се всушност сестри! Те сакам, моја сестричке“ – напиша Касандра на Фејсбук.

Извор: srekja.mk

Previous Големо откритие во Помпеја – Пронајдена е совршено зачувана античка кочија
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 1 МАРТ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *