in , ,

Мечка гризнала жена додека седела во полски тоалет

Шенон од Алјаска имаше блиска средба со мечка додека извршувала физиолошка потреба во полски толает.

“Само што седнав на полската wc школка скокнав и почнав да врескам”, изјави Шенон Стивенс за АП.

Нејзиниот брат Ерик и неговата девојка дојдоа неколку дена порано да го поминат одморот во неговата викендица, околу 32 километри северозападно и Хајнс, на југоистокот на Алјаска. Нејзиниот брат слушнал врисок и истрчал кон полското wc оддалечено околу 50 метри. Таму ја пронашол Шенон како се држи за раната. Отпрвин помислија дека ја каснало некое помало животно. Ерик влезе во ламба и кога го подигна капакот виде мечка која гледаше право во него.

„Го затворив капакот најбрзо што можев.“ Мечката е спуштена, мора да излеземе од тука “, изјави Ерик.

Шенон била пренесена во болница каде утврдиле дека не станува збор за сериозна повреда, но дека таа веднаш ќе се врати доколку и се влоши состојбата.

„Крвареше некое време, но не беше страшно“, вели Шенон.

Следното утро на парцелата пронашле траги од мечки, но животното ја напуштило областа.

Извор: srekja.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Во која земја луѓето живеат најдолго?

Големо откритие во Помпеја – Пронајдена е совршено зачувана античка кочија