Нутриционист разбива 5 митови за исхраната во кои сите веруваме


Нутриционистката Пола Норис од Англија реши да ги разбие, како што вели, најсмешните и најбизарните митови за храната. Според неа, постојат пет работи што ги слуша секој ден, и сака да престанеме да веруваме во нив. 

МИТ 1: Диета без глутен е поздрава
Во последните неколку години многу се зборува за храна без глутен, но нутриционистот Паула тврди дека освен ако немате дијагноза на целијачна болест, диетата без глутен не е добра за вас. Овој вид диета може да не лиши од многу потребните влакна и некои микроелементи ако оброците не се подготвуваат според планираното, открива таа.

МИТ 2: Кокосовото масло е здраво
На Инстаграм, Паула напиша: „Кокосовото масло не е здраво, докажано е дека го зголемува вкупниот холестерол и се состои од 80 проценти заситени масти“. Таа додаде дека кокосовото масло не е толку опасно како маснотиите од месни производи, но треба да се внимава на употребената количина.

МИТ 3: Јаглехидратите дебелеат
Уште од кога знаете за себе, сигурно слушате дека јаглехидратите се главниот виновник за зголемување на телесната тежина и доколку сакате да останете слаби, треба да ги избегнувате. Нутриционистот верува дека проблемот не е во нив, туку во нас кои јадеме повеќе калории отколку што трошиме. Сè може да се јаде ако обрнете внимание на количината.

МИТ 4: Закуските се лоши
Сигурно сте слушнале дека ова не е здрава навика и треба да се избегнува. Закуската е добра ако ја изберете вистинската храна како варено јајце или јаболко. Ако сакате да грицкате нешто за да го смирите гладот, грчкиот јогурт е добар избор.

МИТ 5: Кафето не е здраво
Ако некогаш сте чуле или прочитале дека кафето е лошо за половината и забите, размислете подобро – имено, тоа е пијалок полн со антиоксиданси кој штити од развој на многу болести. Кај луѓето кои страдаат од некој вид здравствен проблем, особено висок крвен притисок или некоја форма на кардиоваскуларни болести, се препорачува да се намали дневниот внес на кафе, но не е потребно целосно отстранување.

Извор: srekja.mk

Previous Замрзнато езеро почна да се користи како аеродромска писта
Next РЕЦЕПТ: Палачинки со компир – Идеални за брза вечера

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *