in

Планинар во инвалидска количка се искачи на облакодер висок 250 метри

Лаи Чи-Ваи е првиот човек во Хонг Конг кој со инвалидска количка се искачи на облакодер висок 250 метри. Подвигот е уште поголем, имајќи предвид дека тој го стори тоа со цел да собере пари за луѓето кои страдаат од болести на ‘рбетниот мозок.

Лаи (37) беше парализиран до половината поради сообраќајна несреќа пред десет години. Му беа потребни десет часа да достигне висина од нешто повеќе од 250 метри, но тој не успеа да го достигне самиот врв на 300 метри високата кула „Нина“ на полуостровот Ковлун. “Бев прилично исплашен. Додека се искачував по планините, тогаш можев да се потпрам на карпите и да ги користам шуплините, но ова со кулата, ми даде простор само да се потпрам на јажето на кое висам”, рече Лаи.

Благодарение на оваа иницијатива, беа собрани нешто повеќе од 670 000 долари.
Пред 2011 година, Лаи беше прогласен за шампион на Азија во категоријата качување по карпи четири пати, а во еден момент го освои осмото место во светот. По несреќата, тој продолжи да се искачува прицврстувајќи ја инвалидската количка на системот за ремени.

За повеќе кликнете на наредниот линк: се искачи на облакодер висок 250 метри

Извор: srekja.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 24 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА