Жената која се откажала од скапоцениот камен – Мудра приказна која ќе ве замисли


Еднаш една мудра жена, патувајќи низ планината, наишла на скапоцен камен. Каменот бил непроценлив. Го ставила во торбата и продолжила понатаму.

Следниот ден, додека појадувала, пред неа се појавил човек. Тој бил многу гладен, па ја замолил жената да му даде од што јаде. Жената веднаш посегнала по торбата за да му даде нешто да јаде. Мажот го видел скапоцениот камен во нејзината торба, бил маѓепсан од него и ја замолил жената да му го даде! Жената му го предала скапоцениот камен без размислување.

Човекот продолжил по својот пат пресреќен поради неговата луда среќа. Тој знаел дека каменот е толку вреден што ќе му даде сигурност до крајот на животот. Но, по неколку дена, тој се вратил да ја побара таа жена. Кога ја нашол, и го вратил каменот каменот назад и и рекол:

„Долго размислував. Знам колку е вреден овој камен, но ти го враќам во надеж дека ќе добијам нешто од тебе што е многу, многу повредно. Ако можеш, дај ми го она што го имаш во тебе што те поттикна да ми го дадеш тој скапоцен камен “.

Извор: srekja.mk

Previous Куќата на Каменковци од реалноста е главна атракција во Португалија
Next Денешниот Фејсбук стрим во живо и нешто врска со вирално.мк

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *