in ,

Делфините имаат особини слични на човечките – Тие се радознали и друштвени

Студијата објавена во „Журнал за современа психологија“ се базира на студија на 134 машки и женски делфини од осум институции ширум светот, во која делфините биле оценувани од вработените во институциите, пишува „Гардијан“.

Овие сличности биле откриени и покрај фактот дека делфините еволуирале во сосема поинакво опкружување од приматите, а последниот заеднички предок живеел пред 95 милиони години. Авторот на студијата, професор по психологија на Универзитетот Хал Блејк Мортон, рече дека ова е прв пат личноста на делфините да се изучува на тој начин и дека делфините се одлични за истражување поради нивната интелигенција и пријатност.

“Делфините, како и многу примати, имаат мозок кој е значително поголем од она што нивното тело го бара за основните телесни функции. Овој вишок мозочна материја во основа ги поттикнува нивната способност да бидат интелигентни, а интелигентните видови се често многу љубопитни”, рече Мортон.

За повеќе кликнете на наредниот линк: тие се радознали и друштвени

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 20 И 21 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА

Куќата на Каменковци од реалноста е главна атракција во Португалија