Во време на криза момчето на Антониа Гиговска се пофали дека дебело искеширал, па станал газда во Белград (фото)


Во домашните медиуми деновиве се пишуваше дека младата пејачка Антониа Гиговска и нејзиното момче и колега, Иван Јованов, Денот на вљубените го поминале во Белград.

За тоа сведочеа и фотографиите кои ги објавија на Инстаграм, а дополнително се појавија и гласини дека Иван убаво се подновил со тоа што си купил стан во Белград и станал газда на недвижнина во главниот град на Србија.

Прилог на тоа беше фотографијата на Антонија која позира наводно токму во новото гнездо на саканиот.

Иван не чекаше многу, па деновиве на својот профил објави фотографија од Белград со која потврди дека навистина си купил стан.

-По купувањето на станот во Белград- лабаво, напиша Иван во описот, а следбениците веднаш му честитаа во коментари.

Музичката естрада е во длабока криза поради мерките од корона пандемијата, но Иван очигледно има и може да си дозволи…

Дали ова значи дека ќе почесто ќе биде на српска адреса, а можеби и планира нешто повеќе во музичката кариера надвор од Македонија, останува времето да покаже.

Извор: vistina.com.mk

Previous Тлејлерот од најновиот филм MORTAL KOMBAT
Next Слушнете го мојот постар МИКС со наслов: Backstreet Boys - Larger Than Life (DJ Ljupce1982 EDIT)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *