7 важни чекори кои морате да ги направите пред шминкањето


Кога станува збор за шминкањето, многу жени сметаат дека е доволно само да стават пудра и да продолжат со следните чекори. Сепак, постојат неколку работи на кои треба да обрнете внимание пред да започнете со тоа.

Лицето бара посебна грижа, затоа следете ги овие чекори пред да нанесете шминка:

1 чекор:
Измијте го лицето со топла вода и благ чистач за лице (пена, сапун …) и тaпкајте со чиста крпа додека не се исуши, немојте да развлекувате по кожата.

2 чекор:
Нанесете тоник и оставете да се исуши. Тоникот е корисен за оние со мрсна кожа.

3 чекор:
Нанесете медицински производ, како што е третман против акни.

4 чекор:
Нанесете крем за очи или серум и оставете да се исуши. Ова ќе помогне да се спречи оштетувањето на колагенот.

5 чекор:
Нанесете хидратантна крема. Сушењето на кожата всушност доведува до поголема маснотија.

6 чекор:
Нанесете крем со минимален заштитен фактор 30, за да спречите оштетување на кожата поради сончева светлина.

7 чекор:
Започнете со нанесување на вообичаената шминка.

Извор: srekja.mk

Previous Научници открија живот под мразот на Антарктикот – Пронајдени се неидентификувани врсти на животни
Next 6 реченици кои треба секојдневно да му ги кажувате на вашето дете за да порасне во здрава личност

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *