После спонтаниот аборутс – Меган Маркл и принцот Хари го очекуваат своето второ дете


Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл очекуваат дете, објавија вечерва британските медиуми.

„Можеме да потврдиме дека првото дете на војводата и војвотката од Сасекс, Арчи, ќе биде постар брат“, изјави неименуван портпарол на парот, кој се огради од кралското семејство.

Се додава дека принцот Хари, кој е внук на кралицата Елизабета Втора, и Меган Маркл, поранешната актерка, се среќни што ќе станат родители на уште едно дете. Нивниот син Арчи е седми во низата за наследство на британскиот трон.

Извор: srekja.mk

Previous Обожавате снег? – Што открива тоа за вашиот карактер
Next Водителот Марко Новески се реши да се жени, а еве ја неговата избраничка (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *