Зошто влегуваме во токсични врски? – Вистината позади вљубувањето во погрешни партнери


Зошто се вљубуваме во погрешни партнери и влегуваме во токсични односи! Прочитајте го советот на познатиот руски психолог.

Сигурно имате луѓе во вашето опкружување кои постојано прават погрешен избор на партнер, односно партнери кои предизвикуваат болка и страдање наместо љубов. Можеби сте таква личност – некој што повторно влегува во токсични врски и се в вљубува во погрешни луѓе. Добро познатиот руски психолог Михаил Лабковски открива зошто е тоа така.

Што е љубовта?

Тип 1
Љубовта е одраз на искуството од детството, односно она што го чувствувавме кон нашите родители како деца, таа емоција подоцна станува она што ние го нарекуваме љубов. Луѓето кои биле прифатени, сакани, поддржувани во детството, најчесто се заљубуваат во партнери кои ја возвраќаат нивната љубов. На пример, жена која имала детство полно со љубов и поддршка оди на прв состанок со маж кој потоа престанува да се јавува – таа едноставно ќе заборави на него. Можеби ќе се чувствува непријатно или малку разочарано, но дефинитивно нема да се заљуби во него.

Тип 2
Постојат и луѓе за кои одбивањето е привлечно и најчесто се заљубуваат во партнери кои можат да бидат манипулативни, токсични или да не возвратат љубов во иста мерка. Тоа се најчесто луѓе кои како деца немале доволно внимание и љубов од своите родители. За нив љубовта е вечна борба и тие веруваат дека треба да поминат низ одредени тешкотии за да го заслужат тоа. Ова е токсично верување кое најчесто предизвикува премин од една токсична врска во друга. Сите заслужуваме љубов и да бидеме сакани!

Тип 3
Тоа се луѓе кои често биле изложени на емоционална уцена како деца. На пример, тие добиваат бакнеж, прегратка, награда и подарок само ако го направат она што се очекува од нив. Овие луѓе во зрелоста се обидуваат да се променат со цел да задоволат некого или целосно да се прилагодат на нив, отфрлајќи ја нивната вистинска природа и личност.

Кое е решението?
Кога, врз основа на вашето лично искуство, ќе сфатите кој е проблемот, тогаш веќе сте на патот на позитивните промени. Психата започнува и се менува кога ќе ги промените моделите на однесување, усвојувате нови и здрави навики. Предуслов за квалитетен љубовен живот е прво да се сакате себе си. Дајте си ја целата нежност, внимание и љубов од која чувствувате дека сте лишени во кое било време од животот. Бидете нежни кон себе, помалку самокритични и негувајте почит кон своето битие. Ако има вистинска љубов внатре, таа ќе влезе во вашиот живот однадвор.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА
Next Обожавате снег? – Што открива тоа за вашиот карактер

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *