РЕЦЕПТ: Здрав појадок кој ја обновува цревната флора и ги топи мастите


Овој едноставен рецепт ќе ви помогне да го исчистите вашето тело целосно од насобраните токсини, да го забрзате метаболизмот, но и да го решите проблемот со запек. Состојките имаат корисен ефект врз цревата, ја стимулираат нивната работа и ја обновуваат нарушената флора на цревата.

Покрај тоа што има здравствени придобивки, овој вид појадок ќе ви помогне и да се ослободите од насобраните килограми. Се препорачува да се започне утрото 3 пати неделно на овој начин.

СОСТОЈКИ:

  • Овесна каша: 3 до 5 лажици (може да има и други видови снегулки – ‘рж, овес, снегулки од леќата)
  • 1 лажица масло
  • 2-3 лажици чиа семе
  • рендано јаболко
  • млеко од соја, од ванила или чоколадо или некое друго млеко или јогурт. Може да користите и природен сок од овошје или зеленчук.

ПОДГОТОВКА:
Претходната ноќ, истурете малку млеко над семето чиа и оставете го да стои да отечи. Наутро измешајте ги сите други состојки со семето и додадете малку повеќе млеко или друга течност за која сте се одлучиле. За да го направите појадокот уште повкусен, можете да додадете и малку цимет, рендан кокос, мелени лешници или мелено ленено семе. Овој појадок треба да се јаде веднаш штом ќе станете, за да започне работата на метаболизмот и да согорите повеќе калории.

По една недела или две, ќе забележите драстично подобрување. Ќе имате повеќе енергија, нема да имате потреба од слатки и нездрава храна, а стомакот ќе работи како часовник.

Извор: srekja.mk

Previous Аднан Куртов имаше причина да се пофали на Фејсбук
Next ФОТО: Итересни и по малку комични слики - 8 Дел

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *