Велешкиот Dj распали на интернет: „Шоуто на Dj MasterHip“


Познатиот велешки DJ MasterHip, деновиве е доста актуелен на социјалните мрежи. Имено, тој со свјот настап во емисијата „Шоуто на Dj MasterHip“, успеа да ги насмее своите фанови. Како што изјави и самиот целта е постигната, затоа што емисијата е од забавен карактер. Идејата за вакво шоу ја добил кога беше донесена одлука за затворање на дискотеките и ограничување на работното време на кафеаните. „ На луѓето им е потребна забава, а ова е мој начин да помогнам околу тоа“  – ни изјави тој.

Емисијата се емитува во живо секоја сабота од 21  часот на велешкото радио  5ФМ, преку фрекфенцијата 107.1, на официјалната фејсбук страна на радиото, 5fm Radio Veles/Macedonia  и на неговиот инстаграм профил Masterhip_official.

Интересна е за слушателите и гледачите и затоа што тој на своите гости им поставува скокотливи прашања.  Masterhip Dj на македонската јавност и е познат повеќе години од неговите настапи ширум државава.

Извор: vistina.com.mk

Previous Погледнете го најновото HITMEN 3 видео на Азирус Гејминг
Next Аднан Куртов имаше причина да се пофали на Фејсбук

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *