Сашко Коцев ја доби наградата за најдобар актер на филмскиот фестивал во Бејрут


Награда за најдобар актер на фестивалот за кратки филмови во Бејрут – „Beirut Shorts International Film Festival“ ја доби нашиот актер Сашко Коцев.

Актерот Коцев, со потекло од Куманово, наградата ја освои по заслуга на неговата улога во филмот „Налепница“ на Георги Унковски.

Ова е една од многубројните награди кој Сашко Коцев ги има освоено. Тој го доби и признанието за најдобар актер на Фестивалот за кратки филмови во Берлин, Германија, две награди во италија, награда за најдобар актер на фестивал во Турција.

Сашко Коцев го игра главниот лик во „Налепница“, кој по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми…

Краткометражниот игран филм „Налепница“учествуваше на повеќе од 170 филмски фестивали и доби десетици награди.

Извор: vistina.com.mk

Previous Борец купи играч од сплитски Хајдук
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *